Најскапиот играч во историјата на фудбалот испрати оптимистичка изјава до сите навивачи на ПСЖ.

Нејмар кој вечерва ќе го предводи ПСЖ против Манчестер Сити во полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите, уверува дека ова е меч „да се биде или не“.

„Ова ќе биде исклучително тежок натпревар против Манчестер Сити, но мора да веруваме, без разлика што покажува статистиката и какви се нашите шанси за победа. Секој Парижанец мора да верува во нас, јас сум тој кој ќе ја предводи оваа приказна, јас сум првиот воин во оваа битка. Ќе го дадам најдоброто за да обезбедиме финале, дури и ако значи да умрам на теренот.“ – изјави Нејмар.

Манчестер Сити на првото соочување со ПСЖ во Франција победи со 2:1.