Фудбалерите на ПСЖ во 5 коло од Лигата на шампионите на УЕФА ќе му гостуваат на Манчестер Јунајтед со желба за реванш од оној пораз во Парис од првото коло од ЛШ кога загубија од „Ѓаволите“ со 2:1.

Напаѓачот на ПСЖ и најскап играч во историјата на фубдалот, Нејмар по ремито со Бордо ги предупреди неговите соиграчи во однос на тоа што треба да внимаваат пред гостуваето на „Олд Трафорд“.

„Мораме да ја подобриме играта во однос на онаа против Бордо. Знаеме каков натпревар не очекува во среда. Таквите натпревари како против Лајпциг ни покажуваат дека не играме доволно добро за да победуваме. Во среда, ќе се обидеме да ја одиграме нашата најдобра партија. Да играме подобро, повеќе како тим и организација, во спротивно ќе биде многу тешко.“ – изјави Нејмар.