Трансфер сагата со напаѓачот на ПСЖ, Нејмар и неговото долго очекувано враќање на „Камп Ноу“ продолжува, објавува „Л`Екип“.

Бразилецот одибл да преговара за нов договор со управата на ПСЖ, најавеното намалување на плата поради кризата од Ковид-19 не е опција за напаѓачот кој посакува кам-бек во Барселона. Нејмар имаше можност да се врати во Барселона минатото лето но трансфер оштетата беше главен проблем.

Сега работите се променети, управата на ПСЖ верува дека Мбапе е следната голема ѕвезда а Нејмар може да си замине ако заинтересираните ги достават потребните пари, односно да платат околу 200 милиони евра.

Ова сепак е превисока сума дури и за клуб како што е Барселона. Се верува дека во транфер преговорите ќе бидат вклучени повеќе играчи на „Каталонците“ како што се Умтити, Гризман и Дембеле.