Францускиот фудбалски првак мака мачи со однесувањето на Нејмар. Денеска официјално започнаа подготовките за новата сезона а на првиот собир не се појавил Нејмар.

„ПСЖ информира дека Нејмар не се појави во договореното време и место. Ова се случи без клубот да биде известен“ – стои во соопштението на ПСЖ.

Според медиумите во Франција, Нејмар ќе биде сериозно санкциониран за оваа постапка. Бразилецот сака да се врати во Барселона но засега трансферот е само во најава.

Нејмар дојде во ПСЖ во 2017 за рекордни 222 милиони евра. Минатата сезона постигна 34 гола на 37 натпревари но исто такак беше дел и од неколку истраги за непримерно и неспортско однесување.