Според француски „Л`Екип“, Нејмар се согласил да го продолжи договорот со ПСЖ според кој ќе заработува по 30 милиони евра по сезона во следните пет години.

Нејмар немал ништо против да прифати помлата плата за 5 милиони евра по сезона, но со едно барање, во случај на освојување на ЛШ да заработи бонус од 10 милиони евра.

Нејмар неодамна изјави дека е среќен во ПСЖ и дека клубот сега е еден од најдобрите четири во светот, па новиот договор е очекуван потег.

Во меѓувреме во ПСЖ работат и на продолжување на соработката со Мбапе кој има договор до јуни 2022 година.