Дека напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, е непредвидли човек сведочат сите негови потези, од кои многу се надвор од спортот. Сега тоа го покажа уште еднаш.

Иако ова лето водеше рововска битка да замине од ПСЖ и да се врати во Барселона, тоа воопшто не му посмета да го тужи својот поранешен клуб. Го тужеше еднаш, потоа поднесе и втора тужба, а вчера тоа го направи и по третпат. Вкупно Нејмар од Барселона побарува фантастични 36,8 милиони евра.

Вчерашната тужба тежи 6,5 милиони евра, а според пишувањата на Marca и на El Mundo се однесува на финансиски непредвидливи ситуации со кои тој се соочи како физичко лице, поради фиктивните договори со Барселона.

Инаку, Барселона нема намера да му ги исплати овие 6,5 милиони евра, исто како ни сите претходни.