ПСЖ му понуди на Нејмар нов договор и ќе се обиде да го задржи Бразилецот во Париз и нареднките години, иако ова лето беше на излезните врати од Стат Д’ Франс.

Според „Ле10Спорт“ претседателот Насер Ал Калифи стапил во контакт со агентот на Нејмар, околу продолжување на соработката. За потсетување изминатиот преоден рок Нејмар сакаше да го напушти ПСЖ, а најсериозни кандидати за неговиот потпис беа шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид. Сепак, тоа не се случи, откако челниците на ПСЖ бараа за услугите на Бразилецот неверојатни 250 милиони евра.

Нејмар пред помалку од две години потпиша за ПСЖ за рекордни 222 милиони евра и плата од 36 милиони евра по сезона што го прави втор најскапо платен фудбалер по Лионел Меси кој заработува 50 милиони годишно.