Бразилскиот репрезентативец, Нејмар предвреме го заврши натпреварот против Башакшехир во Лигата на шампионите откaко го повреди мускулот на левата нога во првото полувреме. (ПСЖ победи со 2:0 со головите на Кин)

Нејмар во 26 минута побара лекарска интервенција по која беше воочено дека нема да може да го продолжи натпреварот.

Тухел на ова одговори со измена, во игра влезе Сарабија а навивачите на ПСЖ останаа во прашалници, каква е повредата на нивниот миленик.


Нејмар со ова ја продолжи низата повреди во последните две години поради кои не може да фати ритам во првиот тим на ПСЖ.