Бразилскиот фудбалер Нејмар даде интересна изјава во пресрет на полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите , кој неговиот ПСЖ ке го одигра против Манчестер Сити.

Бразилецот истакна дека повеќе го посакува трофејот во Лигата на шампионите отколку да го освои најпрестижното индивидуално признание „Златната топка“.

 

„Денеска мојот приоритет е Лигата на шампиони, а не ‘Златната топка’. Тоа воопшто не е нешто што први ми паѓа на памет. Она што го сакам е да го освоиме ова натпреварување, тоа е најважното. Сакам во иднина да се сеќавам дека сум освоил една, две, три Лига на шампиони и дека сум му помогнал на Париз до тоа“, рече Нејмар.

Инаку бразилскиот фудбалер , веќе има една титула во Лигата на шампионите, онаа со Барселона во 2015.година.