ПСЖ го доби Ст. Етјен (3:1) во 15. коло од Лига 1, но потенцијално на долго време го загуби Нејмар.

Во 84. минута Бразилецот го избегна лизгачкиот старт на Ст. Етјен, но ненамерно му слета на ногата на противникот , по што зглобот му се сврте под прав агол.

Нејмар во очај тргна надвор од теренот и веднаш сигнализираше дека не може да ја продолжи играта и беше изнесен од теренот. Сеуште не е позната тежината на неговата повреда, но според она што може да се види на видеото, можно е тој да биде надвор од терените подолго време.

Два часа по грдата несреќа, Нејмар се огласи на Инстаграм. На социјалната мрежа со 165 милиони следбеници, тој напиша:

„Сега ќе се опоравам. За жал, ваквите несреќи се дел од животот на еден спортист. Се што треба да направам сега е да ја подигнам главата и да продолжам понатаму, да се вратам  подобар и посилен“.