Бразилскиот фудбалски репрезентативец и член на ПСЖ, Нејмар, сака да замине од оваа екипа.

Последните информации кои ги објави порталот „Le10sport“ велат дека Бразилецот ја одбил понудата за продолжување на договорот со францускиот фудбалски шампион.

Според информациите од Франција на Нејмар му било понудено да го продолжи договорот со клубот уште една година, а неговата плата би достигнала 30 милиони евра по сезона.

Засега Барселона е најсериозен кандидат да го брати Нејмар во своите редови.