Најскапиот фудбалер на планетава, Нејмар постигнал вербален договор со раководството на Барселона за негово враќање на „Камп Ноу“. Ова го пренесува денешното издание на каталонскиот весник „Спорт“.

Нејмар прифатил месечна плата од 24 милиони евра што е за 12 милиони помалку од таа што ја заработува во моментов во ПСЖ.  Бразилецот ќе потпише петгодишен договор според кој ќе заработи најмалку 120 милиони евра. Нејмар исто така се откажал од правната разврска околу долгот на Барселона од 2017 година кон него во износ од 26 милиони евра на име на бонуси.

Сега останува само ПСЖ и Барселона да се договорат околу износот на трансфер оштeтата и трансферот ќе биде реализиран, тврдат шпанските медиуми.