Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, го критикуваше клубот, по поразот на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите со Борусија, 1:2.

Тешко е да се игра по пауза од четири средби, но тоа не беше мој избор. Така реши клубот, докторите. Ние многу разговаравме и сето тоа не ми се допадна. Јас сакав да играм и се чувствував добро, но клубот се исплаши и тоа се одрази на мене“, изјави Нејмар за RMC Sports.

До средбата со Борусија, Нејмар пропушти три средби во првенството на Франција и една во Купот.

Реванш средбата со Борусија ќе се одигра на 11 март во Париз, на стадионот „Парк де Пренс“.