Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар во изјава за „Џеј Кју“ магазинот ја издвои неговата желба за соработка со напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо.

„Сакам да играм со Кристијано Роналдо, имам играно со големи фудбалери како што се Лионел Меси и Килијан Мбапе, но никогаш не сум бил во ист тим со Роналдо.“ – вели Нејмар.

Бразилецот неодамна го продолжи договорот со ПСЖ, клубот кој се поврзува со ангажман на Роналдо кој оваа сезона доживеа разочарување во Јувентус.