Бразилскиот медиумски гигант „Globo“ тврди дека Јувентус има понуда до ПСЖ, Паоло Дибала  и 100. милиони евра за Нејмар, оваа сензационална вест ја пренесоа и медиумите од Италија  и Шпанија.

Двобојот за Нејмар стана тробој, покрај Барселона, Реал Мадрид сега  и Јувентус е сериозен во обидите да го доведе репрезентативецот на Бразил.

Јувентус има сериозни шанси за успех во преговорите, Томас Тухел неодамна изјави дека Нејмар може да замине ако му се најде соодветна замена, Дибала секако дека е во плановите на тренерот на ПСЖ.

Доколку се случи зделката, Јувентус ќе има неверојатен тандем во нападот, Роналдо-Нејмар, за титула во Лигата на шампионите.