На шега или сериозно, напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, изјави дека во иднина планира да заигра во Интер Мајами во американската фудбалска лига.

Еден од поголеми акционери на клубот е славниот Дејвид Бекам, а двајцата беа дел од емисијата „Легенди за легендите“ на Otro.

Ќе те натерам да потпишеш на чист лист хартија, кој потоа ќе стане твој договор со Мајами на десет години. И да знаеш, немаме намера да те плаќаме премногу“, рече Бекам.

На тоа Нејмар одговори:

Согласен сум, па јас барав да играм за твојот клуб, го сакам тоа. Кога тогаш ќе играм таму, а ти ќе ми бидеш претседател“.

Интер Мајами ќе дебитира во МЛС лигата оваа година, а својот прв натпревар ќе го одигра на 1 март во Лос Анѓелес.