Бразилскиот репрезентативец, Нејмар одново е пред сериозен предизвик во кариерата, да докаже дека е еден од најдобрите во светот уште в среда против Аталанта во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Италијанските медиуми пресметале дека Нејмар заработува колку што е платата на сите играчи заедно на Аталанта, се мисли на првиот тим.

Нејмар има договор со ПСЖ до јуни 2022 година според кој добива 36 милиони евра годишно. Колку за споредба Запата во Аталанта заработува 1.2 милиони евра по сезона.

Аталанта и ПСЖ во среда ќе се сретнат во Португалија на неутрален терен во пресметката по која ќе го дознаеме и платникот во полуфиналето.