Некогашната голема ѕвезда на Арсенал и на Манчестер Сити кариерата ќе ја продолжи во Парагвај.

Се работи за Емануел Адебајор (35), кој преговара со парагвајскиот клуб Олимпија од Асунсион, пишува новинарот Роберто Рохас.

Олимпија има големи планови и сака да го освои Купот Либертадорес 2020.

Последен клуб на Адебајор беше турскиот Кајсериспор, од каде тој замина на почетокот на декември минатата година.