Синиша Михајловиќ го продолжува лекувањето во болница, а Италијанецот му упатил зборови со поддршка.

Поранешниот фудбалер и славен италијански тренер Роберто Донадони го посетил и поддржал Михајловиќ кој се бори со леукемија.

„Благодарение на болничкиот персонал, кој добро го познавам, имав можност да разговарам со Синиша. Му посакувам многу среќа, што поскоро да ги реши проблемите и да победи во оваа борба. Ќе биде тоа негов „скудето.““- изјавил Донадони.