Во очекување на официјалната поврда за одлуката на Владата на Италија и министерството за здравство на оваа земја, медиумите од Апенините брифираат дека веќе се разгледани, а дел од понудите и усвоени во однос на одложувањето на пресметките од Серија А, Б,Ц и аматерските лиги како и дуелите на Наполи и на Интер во Лигата на шампионите, односно во Лига Европа.

Сетоа ова доаѓа по потврдат дека Италија е третата најпогодена земја од Корона вирусот. Можно е дел од натпреварите наместо следниот викенд да се играт на 11 и 18 март. Најавено е дека дерби пресметката меѓу Јувентус и Интер ќе се игра зад затворени врати без публика.

Исто така и соочувањето на Интер и на Лудогорец да се игра на „Сан Сиро“ зад затворени врати без публика.

Комесарот на Серија А предложил да се избегнат опасните зони во земјата но да не бидат одложени сите натпревари, односно таму каде што има услови за фудбал без публика тоа да биде реалзирано со посебни контроли и безбедносни мерки.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте побара одложување на сите спортски настани кои се предвидени во следните седум дена.

Постои можност да нема фудбал во Италија до 1 март ова е намалкуверојатното сценарио.