Барселона остана без првиот избор за позицијата десен бек откако Нелсон Семедо се повреди во дуелот со Селта Виго по само 20 минути.

Станува збор за повреда на мускулот на левата нога поради која тоа ќе мора да паузира од четири до шест недели.

Ова значи дека Семедо нема да биде во конкуренција за настап за натпреварите против Леганес, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Мајорка, Интер и против Реал Сосиедад а се очекува да се врати неколку дена пред „Ел Класико“.

Семето оваа сезона беше дел од сите натпревари за Барселона во Ла лига.