Станува тажно што се случува со телевизиите во Македонија, никој нема интерес за пренос на мечевите на нашите претставници во квалификациите за Лигата на шампионите  и Европа лигата.

Шкендија вечерва од 18 часот гостува кај Номе Калју во Естонија, шампионот на Македонија важи за фаворит на овој двомеч, телевизиски пренос нема да има, ниту една ТВ станица од Македонија не се реши да откупи ТВ права за овој меч. Од Шкендија за дриблинг.мк потврдија дека во тек се преговори за стрим од мечот во Талин.

Извесно е дека нема да има преноси ниту од мечевите на Македонија Ѓ.П , Академија Пандев  и Шкупи в четврток, единствена опција се стримовите.

Првото коло не е атрактивно, тоа е факт, но во споредба со ситуацијата во соседството ние сме во катастрофална позиција,   телевизиите од регионот и покрај неатрактивноста  ќе вршат преноси на мечевите на Хајдук, Црвена Звезда…