Многу веројатно Владата на Македонија нема да дозволи да се отворат обложувалниците, моловите по последните случувања, односно зголемениот број на заболени од КОВИД-19.

Владата и Комисијата за инфективни болести денеска одржаа состанок на кој неофицијално е одлучено ослободувањето на мерките околу овие сектори ќе биде одложено. Со оваа одлука се поставува прашањето дали спортот во Македонија ќе се врати, ако се знае дека пред се фудбалот во соседните земји ќе се врати на почетокот на јуни.

Додека кај нашите соседи спортот добива сериозно значање заедно со бизнис секторот, во Македонија, тој е на последно место. Дополнително на овие теми ќе се разговара од понеделник, кога ќе биде и појасна сликата околу целата ситуација.