Новa главоболка за селекторот на кошаркаската селекција на Соединетите Американски Држави, Грег Попович во пресрет на Светското првенство кое ова лето ќе се одржи во Кина.

По отказите на Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Ерик Гордон и Си-Џеј МекКалум во „аут“ за Мундобаскетот во Кина ќе биде и новата млада кошаркарска ѕвезда Зајон Вилијамсон.

Зајон сака што подобро да се подготви за првата сезона во НБА лигата во дресот на Њу Орлеанс Пеликанс.

Вилијамсон кој беше прв пик на овогодинешниот НБА драфт заработи и повреда за време на летната лига, па дефинитивно и тоа има влијание во оваа одлука да се посвети на себеси и да биде подготвен во пресрет на новата сезона во НБА лигата.