Италијанските медиуми објавија дека Реал Мадрид тргува по новиот шампион во , милански Интер. Имено, „кралевите“ сакаат да го испратат Лука Јовиќ на Џузепе Меаца, додека Лаутаро Мартинез би се преселил во главниот град на Шпанија.

Популарниот Ел Торо се проценува на 90.000.000 евра, што секако е голема бројка за Флорентино Перез.

Постои неплатен долг на Интер кон Реал Мадрид за Ашраф Хакими од 27 000 000 евра, што би влегол во евентуална зделка, но тоа не е сè.

Лука Јовиќ е клучна алка, бидејќи Лос Бланкос би го испратил на позајмица во Интер и со тоа ќе ја „спушти“ цената на трансферот.

Сепак, се наведува и дека клубот од Милано има значителен проблем со платата на Јовиќ од 10.000.000 годишно, што Италијанците во моментов не можат да си ја дозволат.

Српскиот репрезентативец последната половина од сезоната ја помина во Ајнтрахт Франкфурт, за која постигна 4 гола на 17 натпревари.