Шпанска „Марка“ пренесува дека управата на Реал Мадрид не добила ниту една официјална понуда за трансфер на Герет Бејл.

Велшанецот по се изгледа ќе остане во Мадрид и следната сезона. Клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги не можат да му понудат плата како во Мадрид и поради ова играчот решил да остане и да си го одработи договорот со „Кралевите“.

Бејл се поврзуваше со трансфер во Тотенхем, Челси, Јунајтед, Сити, ПСЖ но ниту еден клуб не доставил официјaлна понуда и поради ова можно е напаѓачот да биде повлечен од трансфер листата.