Планот за рестарт во најсилното фудбалско првенство во Англија оди според планот. Најновото тестирање на коронавирус меѓу фудбалерите и вработените во клубовите носи добри вести, нема ниту еден новозаразен со опасниот вирус.
„Премиер лигата може да потврди дека тестирањата направени на 28 и 29 мај со кои беа опфатени 1130 луѓе имаат одличен резултат, нула зараени односно позитивни на коронавирус.“ – стои во официјалното соопштение.
Во последните три рунди на тестирање позитивни беа 12 лица а клубовите добија дозвола за тренинг со физички контакт. Сезоната треба да продолжи на 17 јуни, останати се 92 натпревари кои ќе се одиграат пред празни трибини.
Comments are closed for this post.