Дефанзивецот на Манчестер Сити, Ајмерик Лапорте одлучи да заигра за шпанската репрезентација.

Лапорте е 26 годишен стопер кој ги пројде младински категории на француската репрезентација, но никогаш не дебитираше за А репрезентацијата. Поради баскиските корени има право на настап за Шпанија.

Уште пред пет години Лапорте се поврзуваше со играње за Шпанија, но тогаш порача дека сака да игра за Франција. Доби повик за натпреварите против Бугарија и Холандија, во квалификациите за Светското првенство 2018-та година, ни не доби прилика да заигра. Три години подоцна беше повикан за дуелите против Албанија и Андора, но се повреди.

Бидејќи после тоа не беше во плановите на францускиот селектор Дидие Дешамп, поранешниот фудбалер на Атлетик Билбао одлучи да заигра за Шпанија. За 10 дена шпанскиот селектор Луис Енрике ќе го објави составот на играчите на кои смета, а на него ќе се најде и дефанзивецот на англискиот првак.

Оваа сезона Лапорте одигра 27 натпревари за Сити и Трансфермаркт неговата вредност ја процени на 50 милиони евра.