Откако потроши над 250 милиони евра минатото лето за нови засилувања во Челси, сопственикот на „Сините“ од Лондон, Роман Абрамовиќ се подготвува за нова капитална инвестиција.

Рускиот тајкун решил да потроши 500 милиони евра на 140 метарска јахта.

Според медиумите во Англија, Абрамовиќ не ја почувствувал премногу кризата од Ковид-19 и во престојното лето на Томас Тухел ќе му овозможи уште 200 милиони евра за засилувања.