Како што се очекуваше, Роберто Манчини ќе остане тренер на италијанските фудбалери, бидејќи фудбалскиот сојуз на Италија  потврди дека договорот со претходниот тренер е продолжен.

Фудбалскиот сојуз на Италија беше задоволен од работата на Манчини и му понуди договор до 2026 година, според кој ќе заработува три милиони евра годишно.

„Сакаме да дадеме континуитет на нашата работа. Пред да се освои трофеј, има проект кој треба да се одвива. Манчини рабoти брилијантно веќе две години и проектот напредува, тој ја доби нашата почит на федерацијата и почитта од нашите фанови.“ – изјави претседателот на ФФИ, Габриеле Гравина.

Манчини не размислуваше многу и потпиша петгодишен договор, а според него, тој треба да го предводи Азурите на следните четири големи натпреварувања, вклучувајќи го и следното Европско првенство на кое се пласираше Италија.