Српскиот фудбалски интернационалец Немања Илиќ е најновиот фудбалер на скопскиот фудбалски клуб Работнички за сезоната 2019/2020 година.
26-годишниот фудбалер, кој игра на позицијата централен дефанзивец, потпиша едногодишен договор со „романтичарите“.
Илиќ претходно во својата кариера има настапувано за српските тимови Челарево и Бачка . Фудбалерите со новиот шеф на стручниот штаб Александар Влахо ги започнаа подготовките во Скопје, а се очекува истите да ги продолжат во Банско, Бугарија.
Be the first to write a comment.