Според српскиот портал Republika, поранешниот дефанзивец на Црвена Звезда, Манчестер Јунајтед и Интер, Немања Видиќ, наскоро ќе биде поставен за генерален директор на Црвена Звезда.

На оваа позиција тој треба да го замени Звездан Терзиќ. Покрај ова, во Звезда се очекува и промена на позиција спортски директор, каде Митар Мркела ќе биде заменет со Марко Пантелиќ, исто така поранешен фудбалер на Црвена Звезда.

Се соопштува дека овие промени ќе се случат ова лето.

Видиќ настапувал за Црвена Звезда во период од 2000 до 2004 години, одиграл 67 средби и постигнал 12 гола. Во својата кариера настапувал и за московски Спартак, Манчестер Јунајтед и Интер, а кариерата ја заврши во 2016 година.

Беше репрезентативец на Југославија, потоа на Србија и Црна Гора, а на крајот и на Србија.