Немања Видиќ одамна се подготвува за тренерската улога, а наскоро би можел да ја добие и првата работа. И тоа во Манчестер Јунајтед.

Во разговор за телевизијата Елта од Бања Лука, кумот на некогашниот стопер, Ненад Лалатовиќ открива дека понудата е веќе на маса.

„Видиќ живее во Милано и во моментов размислува да се заминава со тренерска работа, но уште не е сигурен. Веќе доби понуда да го води Манчестер Јунајтед Б, а јас веднаш му реков: „Куме, тоа е идеална прилика ако сакаш да со тоа да се занимаваш, да се вратиш во Англија, ќе го преземеш Манчестер имаш големо име и презиме. Најдобар си дефанзивец на сите времиња и мислам дека тоа е вистинска одлука за тебе.“ Но, тој уште нема одлучено. Јас навивам да биде тренер на Манчестер Б, а потоа да го земе и првиот тим. Да ги врати на патеката на која Манчестер треба да биде.“ – вели Лалатовиќ.

Во Англија Б тимовите се составени од играчи до 23 години, а Јунајтед минатата сезона беше на 10 место.