Марио Балотели е во преговори со Клуж од Романија, ова го тврди  „РМЦ“, романскиот клуб е подготвен да понуди договор на 29-годишниот Балотели, кој се раздели со Бреша.

Балотели се приклучи на Бреша во летниот преоден рок во  2019 година, постигна пет гола на 19 натпревари. Поранешниот репрезентативец по несголасувањата со раководството на клубот, во јуни ја прекина соработката со клубот.