Група навивачи на Баерн Минхен го навредуваа тренерот Јулијан Нагелсман во текот на пријателскиот меч против Ајакс кој заврши нерешено со 2:2.

Тоа беше прв меч за Нагелсман како тренер на Баерн на Алијанц Арената.

Овој 34 годишен тренер играл за младинскиот тим на Минхен 1860, а кратко време бил дел и од вториот тим. Подоцна како тренер работел со младинците на овој клуб. Проблемот е што за навивачите на Баерн помалиот минхенски тим претставува нивни голем ривал.

Група од 20 навивачи го навредувале Нагелсман, говорејќи му дека е свиња, но Билд извесвуа дека нивните навреди ги слушнале и останатите навивачи, кои ги имало околу 8.500 на Алијанц Арената.