Дефанзвиецот на Челзи, Антонио Рудигер ја одби понудата за продолжување на договорот која му ја понуди лондонскит клуб.

Германскиот репрезентативец има договор до крајот на сезоната и актуелниот шампион на Европа сака што побрзо да го осигура неговото останување. Меѓутоа, очигледно дека понудата не ги задоволи апетитите на Рудигер и неговиот агент.

Според Марка за услугите на 28 годишниот дефанзивец заинтересирани се Реал Мадрид и Баерн Минхен, кои со свои понуди можат да излезат уште во јануари.

Рудигер оваа година е незаменлив во Челзи. Досега ги одигра сите натпревари во Премиер лигата.