Напаќачот на Јувентус, Пауло Дибала бил позитивен на денешното тестирање на Ковид-19 од групата од 121 лице кое биле се во изолација и се во очекување на резултатите.

Засега нема официјална потврда од Торино дека Дибала е заразен со Коронавирусот. Вчера беше обелоденето дека Даниеле Ругани, стоперот на „Старата Дама“ е заразен со Ковид-19 по што следуваше итнра реакција на првакот на Италија како и од Интер кој последен истрча против црно-белите во Серија А.

Во меѓувреме од Англија пристигна потврда левиот бек на Манчестер Сити, Бенџамин Менди има Коронавирус.

Од Јувентус засега нема демант, информацијата дека Дибала има Коронавирус ја демантираа новинарите на ГОАЛ и на ЕСПН.