По состанокот во ФФМ одржан вчера и трите предложени опции за доигрување на сезоната, поголемиот дел од прволигашите се согласиле за второто сценарио според кое нема испаѓање.

Ова секако треба официјално да го потврди „Куќата на фудбалот“ а извесно е дека ако ова помине, сезоната ќе продолжи на 14 јуни.

Второ сценарио (опцијата која ја прифатиле поголемиот дел од прволигашите) – Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.

Големи се шансите и првопласираните и второпласираните од Втората лига во Исток и Запад, Беласица и Брегалница и Пелистер и Скопје да добијат пласман во ПМФЛ, односно елитата да биде проширена и да брои 14 екипи.