Познатите фудбалери кои настапуваат за најголемите екипи во Европа често се мета на крадци и ваквите информации се појавуваат во јавноста речиси секоја недела, но денешниот настан е бизарен.

Фудбалерот на ПСЖ, Андер Ерера бил ограбен на семафор и тоа од проститутка.

Имено, Ерера со автомобилот застанал пред семафорот, а наводно проститутката влегла во неговиот автомобил и му украла 2.000 евра и мобилен теелфон, пренесува „yardbarker.com“.

Францускиот медиуми открива дека на Ерера подоцна му бил вратен мобилниот телефон, но морал да оди на одредена локација за да го добие назад.