Откако ја освоија својата 35-та титула шампион на Холандија, Ајакс на навивачите одлучи да им се заблагодари на единствен начин. Славниот клуб од Холандија реши да го растури трофејот на мали парчина и да го подели со навивачите.

Англиските медиуми пишуваат дека секој 42 илјадите годишни претплатници ќе добие ѕвезда тешка 3.5 грама, од која мал дел ќе има и од пехарот кој му е доделен на Ајакс за титулата број 35.

„Оваа сезона моравме да играме без поддршка од нашите навивачи. И покрај тоа, секоја недела ја чувствувавме нивната поддршка на патот до стадионот, на социјалните мрежи, во личните контакти“- изјави директорот на Ајакс Едвин Ван Дер Сар.

Поради тоа кажа дека клубот одлучил како да им се заблагодари.

„Веќе порано кажавме дека оваа титула ја освоивме за навивачите, но мислам дека со овој потег делењето на трофејот со навивачите, тоа навистина и го потврдивме“– заклучува легендарниот холандски голман.