Шпанскиот прволигаш Гетафе донесе несекојдневна одлука да го смени своето име за денешниот меч од Ла Лига против Барселона.

Одлуката официјално ја соопшти раководството на клубот, наведувајќи дека за двобојот на домашен терен против каталонскиот гигант, Хетафе ќе го носи името „Fе“, што на шпански јазик значи „верба“.

Шефовите на Гетафе образожија дека на тој начин клубот сака да испрати порака до сите луѓе да не губат верба во тешките времиња низ кои минува светот поради пандемијата на коронавирус.