Легендарниот италијански фудбалер кој ги бранеше боите на Лацио и на Милан, Алесандро Неста продолжува во Фросиноне чиј тренер ќе биде во наредните две години.

Тој неодамна доби отказ во Перуџа по неуспешниот обид за пласман во Серија А преку плејофот.

Поранешниот италијански репрезентативец, кој со „азурите“ има мундијалска титула од шампионатот во Германија во 2006 година и две Скудета со „росонерите“ во Серија А, досега, покрај Перуџа, како тренер го предводеше и тимот на Мајами.