Илија Несторовски имал понуда од Црвена Звезда, клубот од Србија го побарал но македонскиот репрезентативец ја одбил понудата.

Напаѓачот на Удинезе и македонската репрезентација засега не размислува да ја напушти Италија.

 Добив понуда од Црвена Звезда, но засега немам намера да ја напуштам Италија. Драго ми е што Црвена Звезда покажа интерес за мене, но во моментов имам еден избор. Сепак не се знае што носи животот, сега сум во Удинезе и моите планови се поврзани со овој клуб“ –  изјави Несторовски.