Капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Горан Пандев со Џенова денеска ќе и гостува на Рома во 1 коло од новата сезона во Серија А.

Според медиумите од Италија, Пандев нема да биде во почетниот состав за неговиот тим за пресметката со „римската волчица“.

Во слична ситуација е Илија Несторовски кој денеска се очекува да дебитира за Удинезе во дуелот со Милан. Несторовски исто како и Пандев е најавен меѓу резервистите на црно-белите.

Вчера во Серија А своето деби го имаше Елиф Елмас во победата на Наполи над Фиорентина од 4:3.