Италијанската фудбалска федерација ја одби жалбата на Палермо за останување во Серија Б со што клубот и официјално е преселен во Д лигата. Ова значи дека сите играчи на екипата од Сицилија се слободни играчи без договор.

Илија Несторовски наскоро се очекува да го потврди договорот со Удинезе и да биде промовиран како нов фудбалер на црно-белите. Се верува дека напаѓачот ќе потпише тригодишен договор со италијанскиот прволигаш.

Александар Трајковски пак сеуште е далеку од договор за нов клуб. Интерес има од неколку тимови од Италија од Шпанија и Спортинг Лисабон од Португалија.