Удинезе вчера беше поразен од Рома во калчо лигата во Рим со 4-0, за тимот на нашиот Илија Несторовски ова беше втор пораз на последните два меча во калчото.

Удинезе против Рома и Аталанта прими 11 голови а постигна само еден, тренерот Игор Тудор е пред отказ и тоа ќе се случи во следните 24 часа тврдат медиумите од „чизмата“.

Како наследник на Хрватот на клупата на Удинезе се споменува  Џенаро Гатузо кој веќе бил контактиран од управата на клубот од Удине.

Удинезе по 10 средби има 10 бода и шест порази во првенството, Несторовски вера  доби минутажа против Рома.