Сезонава во италијанската Серија А беше трипати на клупата за дуелите со Сасуоло, Верона и Аталанта, но не доби минутажа. Моментно Удинезе во најсилното италијанско првенство се наоѓа на 14 позиција со 14 бодови. Следниот лигашки меч ќе го има за седум дена на гостински терен против Торино.

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски се врати по седум месеци опоравувајќи се од повредата на коленото. Во саботата Удинезе ја искористи репрезентативната пауза за одигрување на пријателски натпревар против словенечкиот Копер (2:2).

Несторовски беше стартер за италијанската екипа и ги одигра првите 45 минути. Тој го изрази задоволството што повторно е активен на фудбалските терени.

„Се чувствував неверојатно што се враќам на теренот и да стартувам на натпревар. Последните седум и пол месеци беа тешки, но конечно повторно играм фудбал. Среќен сум затоа што помина добро – моето колено се држеше добро. Сега морам да продолжам да работам напорно на тренинзите“– рече Несторовски.