Илија Несторовски е уверен дека оваа генерација има квалитет за многу повеќе и дека шансите за пласман на ЕП се реални, секако преку Лигата на нации на УЕФА. Ова е првичната реакција на нашиот репрезенатативец по поразот од Полска.

„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Игравме борбено, планот беше да издржиме и во последните десет минути да нападнеме , да постигнеме гол но за жал го примивме.  Но што да кажам, само пофалба до соиграчите и до сите работат во репрезентатицијата. Сега сме разочарани што не се пласиравме на ЕП а пред две години бевме среќни кога ќе изгубевме со 1:0 или 2:0. Македонија почнува да наликува на добра репрезентација, со победа против Израел мислам дека ќе завршиме на третото место, а не знам кога Македонија завршила на третото место.“ – изјави Несторовски.

Напаѓачот на Удинезе нема да биде дел од репрезентацијата на Македонија за дуелот со Австрија од евроквалификациите поради суспензија.

„После тоа имаме полуфинале со Косово на домашен терен, кога можеме да се носиме со светски селекции, можеме да го добиеме Косово и да се пласираме во тоа финале и после здравје, ќе видиме што ќе биде.“ – дополни Несторовски.