Удинезе во еден од најбитните натпревари сезонава во борбата за опстанок загуби од Сампдорија со 1-3 и покрај тоа што тимот на Несторовски прв поведе.

Македонскиот репрезентативец одигра 53.минути, а за италјанските медиуми изјави дека на вчерашниот дуел им фалело малку среќа.

„Одлично го започнавме мечот, ја имавме контролата на играта, поведовме, но голот на Сампдорија пред крајот на првото полувреме не измести. Тоа ја направи разликата. Мислам дека на крајот ни недостасуваше среќа во некои ситуација. Сметам дека не заслуживме да загубиме“- изјави Несторовски.

Удинезе во овој момент има шест бода повеќе од Лече кој е прв под цртата во Серија А.