Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски изјави дека очекува да постигне 4 до 5 гола до крајот на сезоната во Италија во која остануваат уште 12 кола.

Несторовски и Удинезе се на 14. место на табелата во Серија А, очекува клубот да обезбеди опстанок, а тој во голгетерски ритам да ја заврши сезоната.

„Размислувам само за играње, со нетрпение очекувам да продолжам со настапи, дека сезоната ќе се доигра во целост. Има уште 12 натпревари до крајот, ќе има по пет замени, ќе има простор за игра и докажување. Добро се подготвив, се чувствувам добро, очекувам до крајот на сезоната да постигнам меѓу 4 и 5 голови“ – изјави Несторовски за медиумите во Италија.

Прв натпревар за Удинезе по паузата ќе биде средбата со Торино на 23 јуни.